Санкционирани 168 возачи во Скопје

by Fokus

Вкупно 168 мерки, меѓу кои девет за возење без возачка дозвола, седум за нерегистрирани возила, девет мерки за користење мобилен телефон се изречени во текот на вчерашниот ден само на територијата на град Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Информираат дека изречени се шест санкции за непрописно престигнување, 65 мерки за непрописно паркирани возила и 16 санкции за неносење заштитна маска.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведуваат од МВР.

Поврзани новости