Сандра Булок се повлекува од актерството

by Fokus 17:16
17:16

Целосно изгорев. Толку сум уморна што не можам да носам здрави, паметни одлуки и свесна сум за тоа”, изјавила актерката Сандра Булок.

Таа вели дека ужива во идејата да креира свој распоред и дека сака тоа да го прави исклучиво за себе.

Актерката, која во својата 30-годишна кариера снимила близу 50 филмови, вели дека е благодарна за успехот што го постигнала, но дека отсекогаш била загрижена за неговото влијание врз нејзиниот приватен живот.

„Секогаш работев, па имав среќа. И сфатив дека работата ми стана патерица. Тоа беше како постојано да го отворам фрижидерот и да барам нешто што никогаш не е во него. Си реков „Престани да бараш затоа што не треба да се докажуваш повеќе.Треба да бидеш добра и без работа што ти треба како потврда за успехот“, изјавила актерката.

Поврзани новости