Самсоненко за „Фокус“: Многу години финансирам екипи и тешко се издржува, немам толку пари

by Fokus

Првиот човек на Сергеј Самсоненко, во интервју за неделникот „Фокус“ зборуваше за актуелната состојба во тимот и истакна дека во изминатите години, додека тој е на чело на македонскиот спортски бренд, за сите колективи потрошил преку 100 милиони евра.

„Сто милиони евра сум потрошил на спортски екипи во земјава. Сè уште ги финансирам машкиот и женскиот ракометен тим на Вардар и истоимениот фудбалски клуб. Како ќе биде понатаму не зависи само од мене, зашто не сме излезени од финансиската криза. Се разбира, јас ќе ги исплатам сите вработени и играчи, кои се апсолутно коректни, а понекогаш херојски се однесуваат во натпреварите. Не е прашање дали сакам или не, многу години финансирам и тешко се издржува, немам толку пари. Секоја година оди сè потешко. Кога по вторпат освоивме титула во Лигата на шампионите, ми беше ветена помош од различни институции во државата и јас уште чекам на таа помош, зашто без неа не би можел да издржам понатаму“, изјави Самсоненко.

Целото интервју, во кое Сергеј Самсоненко детално објаснува за поврзаноста меѓу оваа структура на луѓе, а воедно говори и на повеќе други теми, прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости