Самсоненко се предомисли, останува во Вардар: Тие што пишуваат против мене ги сметам за предавници

by Fokus

Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко на денешната прес конференција изјави дека нема да си замине од клубот, туку останува и во добро и во лошо.

– Сакам да појаснам дека причината за ова беше само една – имаше еден куп пишувања од одредени медиуми кои промовираа невистини, лаги и превртуваа факти. Ми се собра до срце, па со жешка глава кажав дека заминувам. Не сакав да си одам од Вардар и сакам да им порачам на сите добри луѓе да не верувате во невистините кои ги пишуваат за мене. На тие што пишуваат, сакам да им порачам дека немаат ни срам ни совест. Вас ве сметам за предавници зошто не сум направил ништо лошо за оваа држава, која ја засакав како своја и направив само добри работи. Тоа што го направивте е дно – истакна Самсоненко.

Претходно, рускиот бизнисмен, најави дека си заминува од ФК Вардар по крајот на сезоната. Во писмо испратено до јавноста пишуваше дека сите три спортски клуба ќе им ги врати на поранешните сопственици во одлична состојба. Причина за ваквата одлука, според него беа написите во медиумите против него и критиките кои ги добивал на социјалните мрежи.

 

Поврзани новости