Самсоненко ги откупи акциите на Јосифовиќ во Жито Полог

by Фокус

Рускиот бизнисмен Сергеj Самоненко откупил акции во тетовскиот комбинат за пехранбени производи Жито Полог, со што влезе во групата на акционери што поседуваат над 5 отсто од акциите. Според Централниот депозитар на хартии од вредност, Самсоненко од оваа недела поседува 6,52 отсто од акциите.

Истовремено, се забележува пад кај акциите на Ненад Јосифовиќ, кој минатата недела поседуваше 18,99 отсто, а оваа недела поседува 12,47 отсто од акциите, што претставува пад токму за 6,52 отсто од акциите. Тоа значи дека Самсоменко ги откупил акциите од Јосифовиќ, кој долги години работи во Орка.

Исто така, регистриран е и во бројот на акциите на уште еден акционер кој поседува над 5 отсто од акциите. Станува збор за Златко Пирузе, кој моментално поседува околу 15 отсто, додека до минатата недела поседуваше околу 19 отсто од акциите.

Фокус неодамна пишуваше за уште еден од акционерите на Жито Полог, кој се поврзува со ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков, братучед на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Се работи за градежната компанија Софија Градба, која поседува 5,13 отсто од акциите во тетовскиот комбинат.

Инаку, на средината на оваа година сопственик на Софија Градба станува Бест Веј Инвестмент, чиј сопственик е синот на Сашо Мијалков – Јордан Мијалков. Од формирањето во 2011 година, оваа компанија менува неколку сопственици, меѓу кои и и еден од споменатите акционери на Жито Полог – Пирузе.

Воедно, Софија Градба е дел од акционерската структура и на земјоделскиот комбинат Пелагонија АД Битола, каде поседува над 12 отсто од акциите. Битолскиот комбинат, пак, е дел од сопственичката структура на Жито Полог, а ја поседува и млекарата Здравје Радово.

Поврзани новости