Самсоненко се повлекува од РК Вардар: Не можам само јас да се борам и задолжувам за клубот

by Fokus

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко преку пишано соопштение најави дека од следната сезона нема да биде во можност да продолжи со финансирањето на ракометниот клуб „Вардар“. Тој ги повикува македонските бизнисмени да се приклучат кон финансирањето на ракометниот клуб.

– Изминува веќе 7-та година од моето раководење и финансирање на ракометот во државата, започнувајќи од ЖРК Вардар во 2012 година и веќе во 2013 година приклучувајќи го и РК Вардар.

Од седуммте години поминати во ракометот за жал изминува веќе третата година како јас лично се борам од ден за ден за издржување на клубот, со постојано задолжување и земање на кредити. Покрај оваа борба која ја водам секој ден зад мене има повеќе од 5000 вработени во моите компании кои ги издржувам со нивните семејства и кои не сакам да ги загрозувам, а веќе тоа се одразува со моето постојано задолжување за спортот – пишува Самсоненко.

Тој вели дека добил ветувања дека за кратко ќе добие помош за ракометот, но дека помошта ја нема.

Поврзани новости