Самоил Малчески им се приклучи на „Реформаторите“: Груевски мора да си поднесе оставка

by Fokus 16:30
16:30

Самоил Малчески од Форумот на слободоумни патриоти се приклучи на Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, сметајќи дека е време партијата под раководната палка на Никола Груевски да се реформира.

– Јас од многу одамна кажувам дека ВМРО мора да се реформира и сегашното раководство да замине во историјата. Ова е единствен начин да си ја спасиме партијата и државата. Груевски мора да си поднесе оставка од лидерската позиција – тврди во изјава за „Фокус, Малчески.

- Advertising -

 

Поврзани новости