Самохрана мајка на две деца од Битола моли за помош: Потребни и се 40.000 денари за генетски испитувања на рак на клучна коска

by fokus

52 годишната битолчанка Билјана Ѓогиевска поминува низ тежок период во животот.

Таа боледува од рак на клавикулата (клучна коска) и потребни и се финансиски средства од околу 40 илјади денари за да може да направи пет скен и генетско испитување во некоја од клиниките во Скопје.

На Ѓоргиевска и бил откриен рак на матката пред 20 години, а сега оваа самохрана мајка повторно се бори за подобрување на нејзината здравствена состојба.

Таа во овој периот прима хемотерапија, и на крајот на октомври треба да го започне лекувањето кое ќе чини околу 65.000 денари. Во случај во текот на испитувањето да биде констатирано дека и е неопходна операција, истата ќе чини 2300 евра.

Ѓоргиевска е мајка на 24 годишен син и 22 годишна ќерка која која студира во Скопје, а семејната пензија ја користи ќерката за нејзиното образование и престој во главниот град.

Од друга стана, синот работи приватно, но тоа не е константно, што дополнително ја отежнува ситуацијата на ова семејство.

Како што ни раскажа Билјана, таа добила финансиски средства од хуманите луѓе, истакнувајќи дека воопшто не се обратила до Министерството за здравство или ФЗОМ, затоа како што рече, нема сила за борба со институциите.

Трансакциска сметка – 320500002336905

Поврзани новости