Само Заев, Груевски и Црвенковски официјално побарале укинување на аболицијата

by Фокус

Досега само претседателот на СДСМ, Зоран Заев, поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот претседател Бранко Црвенковски испратиле официјално барање до Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов за укинување на нивната аболиција.

Повеќе лица од листата на сите аболицирани во јавноста дадоа изјави дека бараат од Иванов да ја укине одлуката за нивно помилување, но досега од нив не е стигнато официјално барање до претседателот. Еден од тие кои изјави дека ќе побара да се укине неговата аболиција беше и градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Поврзани новости