Само во Скопје собрани 20 тони храна и 10 тони хигиенски средства!

by Фокус 20:05
20:05

Во текот на денешната акција за помош на настраданите од поплавените подрачја во Србија и во БиХ, само од пунктовите во Скопје собрани се: 20 тони прехрамбени продукти, 10 тони хигиенски средства, 60 тони вода, 1.000 кебиња, еден тон бебешка храна, 3 тони млеко, 10 тони облека и 1.000 пара обувки.

Црвениот крст на РМ информира дека до 16 часот преку телефоните за донации биле собрани повеќе од 60.000 евра.

- Advertisements -

„Првиот конвој за помош за Србија се очекува да тргне утре во 11 часот од магацинот на Црвениот крст во Момин поток, а 20 тони хуманитарна помош за БиХ ќе биде испратена во вторник. Финансиските средства кои ќе бидат собрани на телефоните за донација и на жиро-сметката на Фондот за солидарност ќе бидат уплатени на сметките за помош на Србија и на Босна на 31 мај“, информираат од Црвениот крст.

Поврзани новости