Само условна затворска казна за медицинската сестра од Велес која на пациентите им давала лекови со изминат рок

by fokus

Медицинската сестра од Велес, Павлина Петровска доби условна затворска казна оти на пациентите во болницата кадешто работела им давала лекови со изминат рок, пренесува СДК.

Петровска во Основен суд Велес ја признала вината за кривичното дело производство и пуштање во промет на штетни средства за лекување и доби казна од три месеци затвор, што ќе ги одлежи ако во период од една година стори ново кривично дело.

Поврзани новости