За прв пат по долг период во Центар за јавно здравје Кавадарци е регистриран едноцифрен број на ковид позитивни случаи. Во Кавадарци е позитивно едно лице, а во Неготино две лица, на возраст од 25 до 75 години. Починати се две лица од Кавадарци, на возраст од 71 и 75 години.
-Денешните бројки се вистинско олеснување и ни даваат надеж дека најлошото помина. Да се надеваме дека засилените мерки даваат резултати, дека јавната свест дојде до степен на повисоко ниво, и дека трендот на опаѓање на бројките ќе продолжи – велат од ЦЈЗ.
Од почетокот на пандемијата во Тиквешијата се инфицираа 3.043 лица. Во изминативе неколку месеци се случуваше дневно да има и над 60 новорегистрирани случаи на вирусот. Повеќе пациенти ја изгубија битката со ковидот во регионот, а најмладите од Кавадарци кои починаа на почетокот на ноември беа браќа на возраст од 21 и 26 години.
В.К.