Само Самка Ибраимовски откри за што сведочел во СЈО

by fokus 15:09
15:09

Единствено претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, по завршувањето на распитот во Специјалното јавно обвинителство откри на која тема се однесувал тој. Кажа дека бил повикан како сведок за неправилностите во изборите кои се случиле во општината Шуто Оризари.

-Дојдов да дадам исказ како граѓанин и политичар. Сметам дека ќе продолжат да се докажуваат тие криминални избори кои се случија во таа општина и драго ми е што, како што велат Србите „почело је почело“. Ќе се докажува криминалот во изборната единица број два, каде што носител беше поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во 2011 и 2014 година. На пат сме да докажеме многу криминали и тоа ќе се докаже наскоро. Во интерес на истрагата не можам да кажам се, рече Ибраимовски.

Денеска на распит во СЈО беа и Силвана Бонева, Мендух Тачи, како и поранешниот министер за култура, Арифхикмет Џемаили од ДПА. Никој од нив не откри дали бил повикан како сведок или осомничен и на која тема се однесувал распитот.

Поврзани новости