Само десет од вкупно 52 напади кон новинари се истражени

by fokus 23:43
23:43

Само десет од 52 случаи на напади кон новинари се целосно истражени од кои пет се предадени во Основно јавно обвинителство, а пет во суд каде биле констатирани полесни прекршоци, информираа од ЗНМ.

ЗНМ овие информации ги добило од МВР, откако побарало одговор колку случаи на напади кон новинари имаат регистрирано, во колку од нив имаат постапено и колку се предадени на ОЈО односно на судот.

- Advertisements -

-За говор на омраза против новинари немаме добиено информација официјално дали се водат тековни постапки пред ОЈО. ЗНМ неколку пати периодов поднесе барања за постапување против лица кои им се закануваат на новинари на социјални мрежи и онлајн медиуми, но ОЈО не има одбиено на прв и на втор степен. Таков преглед не е изготвен или ако е ние не сме информирани за тоа, рече извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски.

Поврзани новости