Само 6.9 отсто од лицата над 65 години во земјава се вакцинираат против сезонски грип

by Fokus

Само 6,9 отсто од лицата над 65 години во С.Македонија се вакцинираат против сезонски грип. Според податоците на Еуростат, тоа е најнизок процент на имунизација на оваа категорија граѓани меѓу земјите од ЕУ и државите кандидати за членство.

Во ЕУ, просекот на лица над 65 години кои се вакцинираат против грип е 41,4. Највисок е во Ирска 68,5 отсто, во Холандија 62,7 и во Португалија 60,8 проценти. На дното на листата се Летонија со 7,7, Естонија 10,2 и Словенија и Словачка со 12,5 отсто.

Од земјите во регионот највисок процент на имунизација има во Грција 56,2, во Хрватска е 29, во Црна Гора 13,6, а во Србија е 11,1 отсто.

Поврзани новости