Во првите четири дена од објавувањето на листата со спорни гласачи на ДИК, досега само 397 граѓани се јавиле да ги корегираат своите лични податоци.
Според списокот, најмногу спорни гласачи има во Општина Чаир, Сарај, Тетово Гостивар и Куманово.
На списокот се 39.502 спорни гласачи, кои до 19 август треба сами да се пријават за да се регистрираат за гласање.
Потоа во рок од 10 денови ДИК ќе може да направи дополнителни проверки дали приложените податоци се точни и да побара пријавеното лице да се појави лично или преку видео врска.
Инаку, новата листа на спорни гласачи предизвика големи реакции во јавноста, откако на неа се најдоа имиња на познати јавни личности, професори, новинари, судии, политичари…Дел од нив револтирано најавија дека нема да се пријават во ДИК и дека не сакаат на тој начин да докажуваат дека имаат право на глас.