Самит на балканските лидери во Брдо

by Fokus

Претседателите и шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан со затегнати односи и нерешени меѓусебни спорови се состанаа во словенечкиот град Брдо кај Крањ каде што пред 4 години започна процесот за политички дијалог и стабилизирање на регионот.

Поради политичката криза, Македонија одбила да биде домаќин на самитот на лидери на балканските земји, на кој присуствува и германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер, пишуваат словенечките медиуми.

На самитот во Брдо, присуствуваат претседателот Ѓорѓе Иванов и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. 

Поврзани новости