,,Самиот знае многу добро што сме правеле” – обвинетиот Манев му реплицираше на Палчо кој му поставува прашања

by fokus

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, продолжи сведочењето на обвинетиот Велибор Манев.

Тој денеска во судница беше испрашуван и од првообвинетиот Љупчо Палевски.

Тој како да не бил присутен на местата на злосторствата, го прашуваше, колку време се задржале во домот на Панче Жежовски, во моментот кога го киднапирале?

Манев одговори дека се задржале околу 45 минути, на што Палевски го праша што правеле тогаш 2,5 часа, бидејќи толку време поминало кога тргнале од неговиот дом во Велес кон Панче, во 7.45 часот, а на камерите кај хотел Романтик се снимени во 10.30 часот.

Манев одговори:

,,Самиот знае многу добро што сме правеле”.

Потоа појасни дека не се брзале, прво ставиле нафта, потоа не брзале, полека се движеле. Додаде дека од домот на Панче до Романтик има околу 8-9 километри.

Манев неколку пати повтори дека Палчо многу подобро од него знаел што правеле, па тој да каже!

Палевски реагираше и му порача да не бил саркастичен, бидејќи тој сега поставувал прашања.

Судењето е во тек.

Валентина Вурмо

Поврзани новости