Салман Ружди е тргнат од респиратор

by Фокус

Познатиот писател Салман Ружди е тргнат од респиратор и повторно може да зборува, откако во петокот беше нападнат и тешко повреден со нож на еден настан во Њујорк.

Лицето обвинето за напад со нож над светски познатиот писател, 24-годишниот Хади Матар, се изјасни пред судот дека не е виновен за напад и за обид за убиство.

Меѓутоа, обвинителот оцени дека во прашање е „однапред планиран напад со умисла“, поради што авторот на „Сатански стхови“ остана во болница со тешки повреди, пренесува АП.

Полицијата се уште не ги утврдила мотивите за напад, но Ен-би-си објави дека во прелиминарниот полициски преглед на социјалните мрежи на Матар било заклучено дека тој бил склон на шиитски екстремизам и на иранската Револуционерна гарда.

Матар е роден во Калифорнија, но неодамна се преселил во Њу Џерси. Тој е уапсен на местото на нападот, а очевидци велат дека притоа не зборувал ништо.

Поврзани новости