Сали: Иницирав финансиски средства за лекот Трикафта за 30 пациенти со цистична фиброза

by Fokus

Министерот за здравство, Беким Сали преку социјалните мрежи информираше за финансиските средства за лекот Трикафта, кој го користат пациентите со цистична фиброза.

„На вчерашната владина седница иницирав обезбедување финансиски средства за лекот Трикафта за 30 пациенти со цистична фиброза. Се очекува во текот на утрешниот ден да биде донесена одлука за обезбедување средства. Продолжуваме да се грижиме за здравјето на сите пациенти“, истакна Сали.

Поврзани новости