Сакала да си ги собере работите од дома но свекрвата не ја пуштала внатре, а маж и ја плукал и мавал со отпушок

by fokus

Скопјанка на возраст од 40 години донела одлука да го напушти сопругот, но од свекрвата била спречена да си ги земе работите од дома. Семејната драма се случила вчера на пладне во Скопје. Р.К. пријавила во полиција дека била загрозена нејзината безбедност и безбедноста на нејзиниот татко и сестра кои биле со неа.

Според полицијата, по претходна расправија со нејзиниот сопруг Р.Т. во семејниот дом, кога се вратила за да ги земе нејзините лични работи, на врата била пречекана од страна на нејзината свекрва која не и дозволила да влезе. Во моментот кога сакала да влезе во куќата, била спречена од свекрвата која застанала пред неа туркајќи ја и притоа упатувајќи и погрдни зборови кон неа и нејзините придружници. Во еден момент свекрвата ја одтурнала оштетената, а истата во обид да се задржи да не падне по скали, се задржала за раката на свекрвата, при што во мешаницата свекрвата ја изгребала раката од металната врата.

За цело време нејзиниот сопруг од зад неговата мајка и упатувал вербални навреди и закани. Исто така, Р.Т. и фрлил на глава опушок од цигара, ја плукал нејзе и нејзините лични работи ги вадел и ги фрлал од тераса.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

Поврзани новости