Сакал да ја задржи количката со дрва, паднал и починал

by fokus

Пензионер од Скопје, кој со сопругата престојувал во викендичка во село Кошани, вчера попладне паднал од карпа и починал.

Како што информираат од СВР Велес, тој со градежна количка пренесувал дрва, а во обид да ја задржи количката се лизнал и паднал од карпа.

-На 24.02.2021 во 17.15 часот во Полициската станица Кавадарци, М.Џ.(71) од Скопје пријавила дека нејзиниот сопруг Е.Џ.(75) паднал од карпа кај село Кошани, на место викано „Дол“, по што
починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР- соопштија од СВР Велес.

Велат дека се работи за лица од Скопје, кои пензионерските денови ги минувале на село.

Вики Клинчарова

Поврзани новости