Сајкоски: Договорот со Бугарија да се прекине, историјата не се решава со два потписи

by Фокус

Остро се спротивставуваме на договорот со Бугарија и укажуваме дека веднаш треба да се прекине, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски од протестот во Охрид.

-Суверинитетот на една држава се добива со признавање на другите држави. Ние сме признаена држава, меѓудругите и од Република Бугарија. Ама со добивањето на суверенитетот се добива и внатрешното уредување како да си го направи државата. Ние самите можеме да одлучиме за јазикот, може да одлучиме за историјата, за какви учебници во образование ќе имаме – рече Сајкоски.

Тој додаде дека историјата не може да биде прашање на договор на лидери на две држави, бидејќи, како што рече, историјата не се решава со два потписи.

Поврзани новости