Саити: Црвениот крст досега поделил 14.000 пакети со храна и 600 душеци

by Фокус 11:07
11:07

За потребите на погодените граѓани од саботната поплава, досега имаме поделено околу 14.000 пакети со храна, 2.500 ќебиња, 600 душеци, 400-500 кила облека, средства за хигиена, за дезинфекција, вели во интервју за МИА Саит Саити, генерален секретар на Црвениот крст.

-Тоа се работи кои другите организиции не ги гледаат и не ги забележуваат. Во меѓувреме. посетувавме стари лица, изнемоштени, кои хронично се болни. Нашите медицински тимови им вршеа преврски и мерење притисок, шеќер итн. Тоа се прави и во моментот. Работевме следејќи ги приоритетите на луѓето – вели Саити.

Тој истакнува дека имаат и прилив на дополнителни донации од повеќе фирми од Македонија, како и од странство.

– Имаме една активност која е доста успешна во делот на собирање средства преку мобилните телефони. Заклучно со вчера собрани се околу 30 милиони денари. Ако се задржи оваа динамика можеме да очекуваме солидна сума на пари – посочува генералалниот секретар на Црвен крст.

Поврзани новости