САД ставија 22 земји на „корона“ листата, во кои не е препорачливо да се патува

by Fokus

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) вчера издаде препорака до американските граѓани да не патуваат во 22 земји и територии поради коронавирусот.

Британските медиуми пренесуват дека, меѓу другите, на американските граѓани им се советува да не патуваат во Израел, Австралија, Египет, Албанија, Аргентина и Уругвај.

ЦДЦ ја крена својата препорака на повиско „четврто ниво, за многу висок ризик“ од патување, објаснувајќи дека треба да се избегнува патување до ризични дестинации, вклучувајќи ги Панама, Катар, Бахамите, Бахреин и Боливија.

Поврзани новости