САД: Со понизност се враќаме во Парискиот договор за климата

by fokus

Светот мора да преземе решителна акција за зајакнување на отпорноста кон разорните ефекти од климатските промени, изјави американскиот посредник за клима Џон Кери на денешниот глобален виртуелен самит, ветувајќи дека новата американска администрација на Џо Бајден ќе има своја улога во тоа.

– Горди сме што се вративме (во Парискиот договор за климата). Сакам да знаете дека тоа го сторивме со понизност по четири години отсуство и ќе сториме сè што е во наша моќ да го оствариме, рече Кери во видеопораката на Самитот за климатско адаптирање чиј домаќин е холандската Влада.

Во првите часови од неговиот претседателски мандат минатата недела, Бајден потпиша извршна наредба за враќање на САД во историскиот Париски договор за климата од 2015 година, со што се поништи повлекувањето на Доналд Трамп, кој ја исмејуваше науката за климатските промени предизвикани од човековата активност.

Кери рече дека администрацијата на Бајден работи на скоро објавување на повеќе амбициозни цели за намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина.

Поврзани новости