САД побара да се казнат организаторите на насилството во Собрание

by fokus

Нема простор за насилство во демократските процеси, и секој кој извршил, организирал или наредил напад врз пратениците, треба да одговара, порачува амбасадорката на САД во ОБСЕ, Кејт М. Брнс.

-Строго го осудуваме насилните напади врз пратениците во македонскиот Парламент кои се случија по изборот на Талат Џафери за нов спикер. Ќе работиме со него и Парламентот за поддршка на демократијата и да и помогнеме на Македонија да се движи напред кон европскиот пат. Нема прстор за насилство во демократскиот процес. Изразуваме длабока солидарност со повредените пратеници и другите повредени. Бараме од властите да гарантираат безбедност за пратениците, темелно да ги истражат нападите и секој кој извршил, организирал или наредил напад, да одговара, рече амбасадорката.

Таа додаде дека како стратегиски партнер и пријател на Македонија, и со целосна почит на нејзиниот суверенитет и унитарност, САД ги повикува сите страни да ги стават интересите на Македонија и на граѓаните на прво место, да работат конструктивно и целосно да ги имплементираат обврските од Договорот од Пржино.

Поврзани новости