САД ја поддржува подготвеноста на Австрија да посредува меѓу Македонија и Бугарија

by Фокус

САД даваат поддршка на земјите-членки на Европската унија да им помогнат на Македонија и Бугарија полесно да постигнат решение, изјави за „Гласот на Америка“ портпарол на Стејт департментот, коментирајќи ја понудата на Австрија да посредува меѓу двете држави во решавање на спорот.

Историскиот Преспански договор покажа дека државите во Западен Балкан се способни да исполнуваат тешки работи, да прават компромиси и да наоѓаат решенија. Убедени сме дека Бугарија и Северна Македонија ќе го направат истото преку преговарање на нивните билатерални спорови надвор од пристапниот процес со ЕУ. САД ги охрабруваат сите напори на ЕУ и нејзините земји-членки да им помогнат на страните полесно да го постигнат овој резултат“, се вели во изјавата на портпаролот од Стејт департментот.

Поврзани новости