САД и ЕУ ја осудија селективната аболиција на Иванов

by fokus 23:29
23:29

Американската амбасада во Македонија со кратко соопштение реагираше на денешната одлука на Ѓорге Иванов да го повлече помилувањето на 22 од вкупно 56 аболицирани лица. Побара Македонија целосно да се справи со проблемот, а со цел да не се попречат евроатлантските аспирации.

„Како што рековме минатата недела, делумното или селективното повлекување на помилувањето ќе го зголеми растечкото чувство на неказнивост во земјата и ќе ја попречи Македонија да направи прогрес кон најважните цели, вклучувајќи го и прогресот кон НАТО и ЕУ. Македонија мора сеопфатно да се справи со овој проблем“, стои во кратката реакција на амбасадата на САД.

- Advertisements -

И ЕУ ја осуди селективната аболиција.

„Одлуката на Иванов за делумно повлекување на амнестијата не е доволна. Потребно е сеопфатно решение“, порача еврокомесарот Јоханес Хан на Твитер.

 

Поврзани новости