САД и ЕУ: Изборите ефикасни, медиумите пристрасни, државата споена со партијата

by Фокус 17:12
17:12

Ја споделуваме оценката на ОБСЕ/ОДИХР во поглед на ефикасното спроведување на неодамнешните избори. Забелешките што тие ги изразија, слични на оние од 2011 и 2013 година, а кои се однесуваат на пристрасно покривање од страна на медиумите и на непостоење на разграничување на државните од партиските активности, што не овозможува рамноправен терен за натпревар, треба бидат адресирани, се вели во денешната заеднична изјава на делегацијата на ЕУ и на амбасадата на САД.

„Во тие напори мора да се вклучат партиите што ќе ја формираат новата влада и да се ангажираат со опозицијата во конструктивен дух. Тие мора да се осврнат не само на техничкиот аспект на организирање на избори, туку мора да ги адресираат и сите неправилности и диспропорционалности во поширокиот изборен систем, бидејќи со нив се ризикува да се поткопа довербата во демократскиот процес. Ги повикуваме сите лидери на политичките партии конструктивно да се ангажираат во реформите кои ќе го унапредат процесот на евро-атлантската интеграција. ЕУ и САД остануваат партнери на замјата во тие напори“, стои во соопштението.

- Advertisements -

Поврзани новости