САД и ЕУ бараат Русија да го ослободи Навални

by fokus 10:00
10:00

САД најостро ја осудија употребата на полициска сила врз демонстрантите и новинарите на вчерашните протести низ Русија, соопшти Стејт департментот.

– Постојаните напори за сузбивање на правата на Русите за мирни собири и слобода на говорот, апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални и сузбивањето на протестите, загрижувачки укажуваат на натамошните ограничувања на цивилното општество и основните слободи, се наведува во соопштението.

- Advertisements -

Стејт департментот потсетува дека правата на руските граѓани на мирен собир и учеството на слободни и чесни избори е содржано не само во Уставот на земјата, туку и во руските обврски кон ОБСЕ, Универзалната декларација за човекови права и нејзините меѓународни обврски кон Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.

САД ги повикаа руските власти да ги ослободат сите притворени поради кршење на нивните универзални права, како и моментно ослободување на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Исто така, и високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел изрази жалење поради „масовните апсења и употребата на прекумерна сила“.

– Во понеделник ќе разговараме со министрите за надворешни работи на ЕУ за идните чекори, напиша Борел на Твитер.

ЕУ побара Навални веднаш да биде ослободен. Повеќе земји членки и Европскиот парламент бараат воведување нови санкции против Русија, но за тоа е потребна едногласна одлука од сите 27 членки.

Поврзани новости