САД и даде поддршка на Шпанија да го спречи отцепувањето на Каталонија

by fokus

Американскиот Стејт Департмент денеска соопшти дека ја поддржува Шпанија и е против отцепувањето на Каталонија.

Официјален Вашингтон смета дека Каталонија е интегративен дел од Шпанија и ја поддржува Владата во напорите таа да остане единствена.

 -Каталонија е интегрален дел на Шпанија. САД ја поддржува Владата на Шпанија и спроведувањето на уставните мерки за да ја одржат земјата силна и единствена, изјави портпаролката на СД, Хедер Наурет.

Поврзани новости