САД бараат меѓународна истрага за потеклото на коронавирусот

by Fokus

Јасна и темелна истрага која ќе ја открие суштината на појвата на пандемијата со коронавирусот во Кина, побара портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, пред почетокот на теренската истрага од страна на експертите на Светската здравствена организација (СЗО).

Според неа, Вашингтон ќе ја процени веродостојноста на извештајот за истрагата кога ќе биде завршен и ќе користи „информации што биле собрани и анализирани од американските разузнавачки служби“ на оваа тема.

Тим од десет меѓународни научници на СЗО од средината на јануари е во кинескиот град Вухан.

По периодот на карантин, научниците ќе започнат истрага за потеклото на коронавирусот што првпат се појави во Вухан, а алармот за првиот случај беше вклучен пред една година.

Независната експертска група за подготвеност и одговор на пандемијата со седиште во Швајцарија, во вториот нацрт-извештај објавен пред десетина дена, констатира дека Кина и СЗО не делувале навремено за да го спречат ширењето.

Поврзани новости