Ружин за Иванов: Само човек кој не чита може да рече дека луѓето се договориле преку телефон

by fokus

Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор, Нано Ружин го поздрави постигнувањето на договор помеѓу Македонија и Грција. Тој во Студио 1 на 1 тв вели дека очекувал дека Груевски во 2010 година ќе го реши спорот, но како што рече, авторитарен режим не може да решава ваков спор.

-Можевме да очекуваме од еден храбар човек како Заев да постигне договор за спорот со името. Светот живее во епоха на перманенти преговарања. Овој договор е преседан во позитивна смисла. Кога се стравуваше дека ќе бидат зафатени идентитетските проблеми сите имавма скепса, но сега се работи за успешен настан кој го поздрави целата меѓународна заедница, истакна Ружин.

Тој вели дека овој ден е многу важен во нашата историја и дека практично денеска сме победници. Во врска со Иванов, вели бил вчудоневиден од неговите изјави.

-Јас сум вчудоневиден, само човек кој не чита може да рече дека луѓето се договориле преку телефон, тоа се односи на луѓето. Тоа се случи во Давос, се запознаа двајца луѓе со слична енергија. Позади нив нормално стоеше екипа на експерти. Можеби на прв поглед изгледа дека Македонија прави отстапки, но тоа не е така, рече Ружин.

Поврзани новости