Ружин: Македонија може да стане членка на НАТО следната година под привремената референца

by Фокус

Поранешниот македонски амбасадор во НАТО, Нано Ружин, смета дека постои реална можност Македонија во блиска иднина да стане членка на најголемата политичко-воена алијанса, без претходно да го реши спорот за името со Грција, која го блокираше членството на земјава во Алијансата на самитот во Букурешт во 2008 година.

-Новата влада на Зоран Заев може да ја внесе Македонија во НАТО, за што се водени разговори и со американскиот помошник државен секретар Хојт-Брајан Ји, но тоа го говорат и мои сознанија во Брисел. Оваа иницијатива може да се реализира без да се реши спорот за името со Грција, но претходно мора да се направи напредок во реформскиот процес, односно да се спроведе Извештајот на Прибе и Пржинскиот договор, бидејќи ние немаме проблем само со Грција, туку и со демократизацијата на земјава – вели Ружин во изјава за Фокус.

Доколку новата влада оствари напредок на овој план до крајот на годинава, тој прогнозира дека државава сериозно може да размислува за членство во НАТО, но и да го оствари членството, веќе во следната 2018 година.

В.С.

Поврзани новости