Русковска: Наскоро обвинение за Рашковски

by fokus

Истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски е во завршна фаза, вели шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за РСЕ.

Се истражува како може Рашковски да си дозволи гаранција од околу 500 илјади евра за замена на мерката притвор во домашен притвор, а во истрагата влегува и прашањето од каде му парите на Рашковски за хациенда во Побожје.

-Истрагата е во завршна фаза. Го добивме материјално-финансиското вештачење. Се чека уште едно вештачење, треба до следната недела да стигне и тоа и ќе се викаат осомничените да дадат своја одбрана, доколку сакаат, вели Русковска.

Поврзани новости