Русковска контра Стефанова: Обвинителката нека ја пријави Кацарска во Судски совет, а не во судница

by fokus

Обвинителката која го води случајот „Рекет“, Вилма Русковска ги оцени како недозволиви тврдењата на нејзината колешка, Лиле Стефанова која како сведок во случајот „Рекет“ откри дека судијката Добрила Кацарска, преку колега вршела притисок да не се одреди мерката притвор на осомничениот Орце Камчев за предметот “Империја“.

-Било кој што има сознанија или мисли дека некој судија постапува непрофесионално треба тоа да го пријави во Судски совет. Колешката Стефанова како обвинител треба да ја знае таа процедура. Недозволиво е вакви сомневања поосле година и пол да се изнесуваат во судница без притоа да биде известен Судскиот совет, рече Русковска.

Иако Стефанова по нејзиното сведочење во „Рекет“ рече дека случајот „Империја“ се води со забрзано темпо, Руковска која е шефица на Обвинителството кое ја води сега оваа истрага вели дека нема информации дека се води со забрано темпо.

-Знам дека се повикани некои сведоци и Стефанова постапува по предметот заедно со колешката Гордана Смаќоска, вели Русковска.

За тврдењата на обвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски дека има докази за Русковска за криминал вреден четири милиони ера, Русковска уште еднаш повтори сите сомневања да се пријават во полиција.

-Го охрабрувам секој кој има за кого било да пријави во полиција. Не се сомневам дека полицијата професионално ќе си ја заврши работата, рече Русковска.
На денешното рочиште се изведуваа материјални докази.

Поврзани новости