Руските сили целосно го уништија градот Бахмут

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва изјави дека руските сили целосно го уништиле Бахмут, градот кој се смета за епицентар на последните борби, пренесе Ројтерс.

„Ситуацијата во клучните области на Донбас на истокот на Украина останува многу тешка, но украинската армија ги одбива руските напади и му нанесува значителни загуби на непријателот“, изјави Зеленски.

Во неодамнешниот извештај за војната во Украина, британското Министерство за одбрана го идентификуваше градот Бахмут како најважна стратешка точка за освојување на целиот регион на Доњецк

„Русија најверојатно планира да го опколи украинскиот град Бахмут во регионот на Доњецк, што би довело до тактичко напредување на север и на југ“, изјавија Британците минатата недела.

Бахмут се наоѓа во регионот Доњецк и според податоците од 2021 година имал повеќе од 70.000 жители.

Поврзани новости