Рускиот историчар Дмитријев осуден на 13 години затвор поради сексуално злоставување на дете

by fokus 21:53
21:53

Рускиот историчар Јуриј Дмитријев, познат по делата за гулазите и репресијата за време на владеењето на Сталин, осуден е на 13 години строг затвор поради сексуално злоставување на дете, соопшти денеска Врховниот суд во Карелија, северозападна Русија.

Дмитријев (64), кој го водеше истражувањето со организацијата Меморијал за пронаоѓање на масовни гробници на жртвите од сталинистичкиот терор, уапсен е во 2016 година и е обвинет за детска порнографија и недолични фотографии од посвоената ќерка. Тој тогаш тврдеше дека фотографиите на голото девојче се направени намерно за да следи како таа расте.

- Advertising -

Дмитријев беше ослободен од обвинението во 2018 година, но повисоката судска инстанца ја оспори судската одлука и Дмитријев беше обвинет за потешко дело – сексуално злоставување.

Организацијата Меморијал ведаш реагираше на пресудата за Дмитријев, истакнувајќи дека тој се гони поради неговата активност за зачувување на сеќавањето на политичките жртви.

Поврзани новости