Рускиот авион над Синај е урнат со бомба

by Фокус

Несреќата на рускиот авион и дефинитивно е теротистички чин. Тоа прво го призна дректорот на Федералната служба за безбедност Александар Бортников кој соопшти дека за нападот била употребена импровизирана експлозивна направа.

Во исто време двајца вработени на аеродромот во Шарм ел Шеик се уапсени од египетската полиција заради поставување на бомба која го собори рускиот патнички авион Airbus A321 над Синајскиот Полуостров.

При несреќата на 31 октомври загинаа сите 224 лица во авионот.

“Седумнаесет лица се во притвор, двајца од нив, вработени на аеродромот, се осомничени дека им помогнале на оние кои ја донеле бомбата во авионот на аеродромот во Шарм ел Шеик”, соопшти за Reuters извор од истрагата.

Airbus-321 на компанијата “Когалимавиа” го извршуваше летот 7K9268 од Шарм ел Шеик за Санкт-Петербург, но исчезна од радарите 23 минути по полетувањето. Авионот падна нагло пред да биде изгубена врската со него.

Одговорност за несреќата презеде “Исламска држава” – како одмазда за руските воздушни напади против нивни цели во Сирија.

Поврзани новости