Руски научник: Оние кои имаат настинка не можат истовремено да се заразат со Ковид-19

by fokus

Луѓето кои имаат настинка не можат да бидат заразени со коронавирус, изјави професорот од Руската академија на науките, Петар Чумаков.

– Едно лице не може да се зарази со коронавирус за време на настинка или САРС, истакна рускиот научник.

Тој потврди дека болно лице не може истовремено да се зарази со друг вирус, бидејќи организмот произведува интерферон.

– Интерферонот е антивирусен протеин кој го штити телото од секундарна инфекција, објасни Чумаков.

Истовремено, тој нагласи дека по заздравувањето постои ризик од инфекција со Ковид-19, а бидејќи имунитетот ќе се намали со првата инфекција, коронавирусот може да биде потежок.

Поврзани новости