Руската Дума усвои закон со кој се забранува ЛГБТ пропаганда за сите возрасти

by Fokus

Државната дума на Русија денеска во второ читање го усвои законот за забрана на ЛГБТ пропаганда, како и за пропагирање педофилија и промена на пол во Русија.

Сличен закон е во сила од 2013 година, но тој се однесуваше само на малолетниците, а новиот закон важи за сите возрасти.

Документот предвидува забрана за пропаганда на нетрадиционални сексуални односи и педофилија во медиумите, на интернет, во реклами, литература и кино. Законот, исто така, забранува поттикнување на тинејџери да го променат својот пол, медиуми, книги, аудиовизуелни услуги, филмови и реклами. Забрането е издавање сертификат за изнајмување филм ако содржи материјал што промовира нетрадиционални сексуални односи и преференции.

Според документот, руското регулаторно тело за медиуми (Роскомнадзор) ќе воспостави процедура за следење на интернет и блокирање веб-страници што го прекршуваат законот за пропаганда.

Поврзани новости