Руската амбасадорка Митрофанова се закани со затворање на амбасадата во Софија

by Fokus

Руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова испрати нота до бугарското Министерство за надворешни работи дека доколку одлуката на бугарската влада за протерување на 70-те руски дипломати не биде поништена до петок до 12 часот, руската амбасада во Софија ќе побара од властите во Москва затворање на руската амбасада во Софија, објави сајтот Епицентар, повикувајќи се на дипломатски извори.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според изданието, доколку дојде до таков развој на настаните, тоа значи војна.

Дополнително, Митрофанова на денешниот онлајн брифинг додаде дури ни за време на Втората светска војна, Бугарија и Русија не ги прекинале дипломатските односи и работеле амбасадите на двете земји.

Поврзани новости