Руската амбасада ги оцени како неосновани и недозволиви тврдењата на Заев дека му спремаат атентат

by fokus

Неосновани и недозволиви, вака од руската амбасада во Скопје ги квалификуваат тврдењата на премиерот, Зоран Заев, кој во интервју за црногорски медиум изјави дека очекува жестока реакција од Русија, дури и ликвидација, по евентуалното влегување на Македонија во НАТО.

– Во Русија секогаш внимателно ги следат јавните изјави на високи функционери на други држави, особено оние што ги засегаат односите со нашата земја. Секако, не остана незабележано и неодамнешното интервју на Претседателот на Владата на Република Македонија за црногорското радио „Антена-М“ од 5 ноември оваа година. Со зачуденост и загриженост истакнуваме дека во тоа интервју, во контекстот на минатогодишните настани во Црна Гора, шефот на македонската влада, повикувајќи се на некои „репорти“ и „аналитичари“, намерно или не, ја претстави ситуацијата на тој начин дека Руската Федерација наводно била вмешана во обиди за „ликвидација“ и подготвувала такви акции против самиот господин Зоран Заев. Категорично изјавуваме дека ваквите тврдења се неосновани и ги сметаме за недозволиви, се наведува во реакцијата.

Од Амбасадата оценуват дека таквите тврдења нанесуваат штета на односите меѓу двете земји.

– Со жалење констатираме дека истите ја уриваат атмосферата на доверба меѓу нашите две земји, и нанесуваат штета на повеќегодишната заемно полезна соработка и се косат со декларираната подготвеност на Скопје за градење конструктивна соработка со Русија, желба за развој на пријателските односи меѓу две нашите земји, стои во соопштението од Руската амбасада.

Поврзани новости