Русите гранатираа енергетски постројки во Украина

by Фокус

Пратеникот во украинскиот Парламент, Олексиј Гончаренко, соопшти дека Русија извршила голем напад во текот на ноќта.

„Истрелаа 32 проектили кон енергетските постројки. 16 проектили беа соборени од одбранбените сили„, напиша Гончаренко на социјалните мрежи.

Гончаренко додаде дека 22 проектили сепак стигнале до целта.

„Немаме оружје да ги собориме“, нагласи тој.

Утрово е погодена и важна инфраструктура во Лавов, соопшти регионалниот воен претставник Максим Козицки.

Повредени нема, а пожарот кој избувнал веќе е изгаснат.

Поврзани новости