Русија во ОН: Зарем сакате да ја вратите Сирија во камено време?

by fokus

Рускиот амбасадор во Обединети нации, Василиј Небензја на денешната седница на Советот за безбедност на ОН изјави дека во воздушниот напад на САД, Велика Британија и Франција погодени се научни постројки, кои служеле за подобрување на економијата на земјата.

– Зар сакате да ја вратите Сирија во камено време? Пред судирите во Сирија, таа важеше за една од најразвиените земји во Блискиот Исток… САД катастрофалната ситуација во Сирија ја прават уште полоша, разорувајќи го системот на меѓународното право, како што беше во случајот на поранешна Југославија, во Либија и во Ирак.

Небензја ги обвини САД дека го поткопуваат авторитетот на СБ на ОН, истакнувајќи оти станува збор за политика на неоколонијализам и го обвини Вашингтон за кршење на меѓународното право.

– Тоа е хулиганизам во меѓународните односи. Уште еднаш паднаа маските, посочи Небензја.

Тој додаде дека САД, Велика Британија и Франција не ги почекаа резултатите од истрагата на меѓународните експерти за наводниот напад со хемиско оружје во сирискиот град Дума.

Според рускиот амбасадор во ОН, Вашингтон, Лондон и Париз би можеле да го запрат судирот во Сирија за 24 часа. Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли наведе дека „времето за разговор завршило синоќа“ и им се заблагодари на Велика Британија и на Франција за учеството во нападите врз „сириските хемиски постројки“.

Поврзани новости