Русија уапси 3.500 луѓе кои протестираа против војната во Украина

by Fokus

Околу 5.200 луѓе учествуваа на забранетите протести во Москва, Санкт Петербург и други региони на Русија, поради што беа приведени повеќе од 3.500 луѓе. Ова денеска за ТАСС го соопшти официјалната претставничка на руското Министерство за внатрешни работи Ирина Волк.

– Во Москва демонстрираа 2.500 луѓе, приведени се 1.700. Во Санкт Петербург бројот на учесници беше приближно 1.500, од ​​кои 750 беа приведени. Во другите региони, вкупно 1.200 луѓе учествуваа на протестите за кои немаше дозвола, а 1.061 беа приведени, рече таа.

Поврзани новости