Русија тестира две прототипни вакцини против Ковид 19 на животни

by Фокус

Руски научници кои работат на вакцината против КОВИД-19 направија неколку прототипни вакцини кои веќе се тестираат на животни, објави Научен центар за вирологија и биотехнологија на Русија „Вектор“.

Според директорот на лабораторијата, Ринат Максутова, во моментот се тестираат два вида препарати на примати, кои би можеле да станат вакцина против коронарен вирус, при што ако лекот се покаже како ефикасен, може да се даде за неколку месеци.

Паралелно со тоа, и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека дал инструкции да се покренат подготовките за произведување на вакцината против коронавирусот.

Поврзани новости