Русија се заканува: Блокадата на Калининград би можела да доведе до воен конфликт

by fokus

Одбивањето на Литванија до руската ексклава Калининград да ја пропушти стоката под санкции на ЕУ би можело да доведе до воен конфликт, предупреди заменик претседателот на одборот за надворешни работи на руската Дума Владимир Џабаров.

Џабаров кажа дека би можело да дојде до „оружен судир“ ако Калининград биде блокиран.

-Руската држава мора да ја штити својата територија и да ја чува нејзината безбедност. Ако забележиме закана за нашата безбедност која ја следи можност од губење територија, сигурно ќе преземеме екстремни мерки и ништо нема да нè сопре, кажа Џабаров.

Неговата изјава следи по предупредувањето на Кремљ дека ќе реагира на ограничувањето на транзитот. Обидот на Русија да употреби војска против Полска или Литванија би иницирал директен конфликт со НАТО, чии членки се Полска и Литванија. Според повелбата на НАТО, сојузниците се обврзани да штитат која било нападната држава членка.

Поврзани новости