Русија: Подготвени сме за продолжување на дијалогот, топката е во дворот на Украина

by fokus

Русија е подготвена да ги продолжи разговорите со Украина, замрзнати на иницијатива на Киев, изјави денеска главниот руски преговарач Владимир Медински.

– Ние од наша страна подготвени сме за продолжување на дијалогот. Но, би сакал да нагласам дека топката, кога станува збор за натамошните мировни преговори, е во дворот на Украина, истакна тој за белоруската телевизија ОНТ, јави Тасс.

Медински повтори дека до замрзнување на разговорите дошло „целосно“ на иницијатива на Украина.

Поврзани новости